До членовите на Здружението на професорите по француски јазик на Р.М.
и до членовите на Собранието на Здружението на професорите по француски јазик на Р.М.
ПОКАНА
За годишно собрание на Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија што ќе се одржи на 18 јануари 2014 година (сабота) во Скопје (за времето и просторијата/местото каде што ќе се одржи седницата ќе бидете навремено известени преку email и преку Facebook.
Дневен ред
- Усвојување на записникот од Генералното собрание одржано на 20.04.2013 година
- Промена на седиштето на Здружението на професорите по француски јазик на Р.М
- Промена на адресата на електронското сандаче
- Информација во врска со центрите за изучување на францускиот јазик/за престој во Франција (информација пратена преку emailдо сите членови првите денови на јануари 2014 година како и преку FaceBook)
- Информација за летниот камп и првите награди на конкурсот Олимпијадите 2014
- Информација за проектот сенсибилизација на францускиот јазик од рана возраст во градинките
- Информација за пристигнување на пратка од TV5 Monde
- Разно
Со почит,
Снежана Петрова